МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 февруари 2020

4 февруари 2020

– На секој во државата му е веќе јасно дека Мицкоски и опозицијата не сакаат законско решение за јавни обвинителство. Уште еднаш ги повикувам да ме демантираат ако не е така, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред средбата со компаниите-членки на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО).

– На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, покрај давањето за соодветен третман при лекување на пациентите, што вклучува обезбедување соодветна терапија за пациентот кој се лекува на оваа Клиника, од минатата година во оваа терапија вклучена е и психосоцијалната поддршка на пациентот како клучна за подобрување на целокупниот процес низ кој поминува, соопшти Министерството за здравство.

– Република Северна Македонија и Република Полска одржуваат пријателски односи, со постојан политички дијалог, со растечка економска соработка и со обострана заложба за јакнење и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес, констатирале на денешната средба претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој се наоѓа во официјална посета на Варшава.

– МИА дојде до нацрт-извештајот кој Европската Комисија треба да го усвои и објави утре напладне и со кој на земјите членки и на Европскиот Парламент им се нуди ревидирана методологија на преговарачкиот процес за проширување. Европската Комисија инсистира на тоа дека не станува збор за промена на процесот, туку за негова ревизија со цел тој да стане подинамичен и поефикасен. Последната ревизија на овој процес датира од 2003-та.

– Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски очекува дека ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО во шпанскиот Парламент ќе биде завршена следниот месец.

– Грчките власти ги зајакнуваат мерките за заштита на границите и ја испитуваат можноста дека реакциите се поттикнати, изјави портпарол на грчката влада Стелиос Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на вчерашните инциденти на островот Лезбос и додаде дека тие ќе продолжат со политиката: да се празнат островите, да се забрза процедурата за азил, а мигрантите кои немаат право на азил да се враќаат во Турција, дописничката на МИА од Атина.

– Силно невреме денеска ги погоди Загреб, Риека и уште неколку други хрватски градови.

– Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел издаде ново соопштение за мировниот план на Доналд Трамп за конфликтот помеѓу Израелците и Палестинците и оцени дека овој план не ги почитува меѓународните стандарди, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Американскиот претседател Доналд Трамп ќе има говор пред двата дома на Конгресот за состојбата на нацијата. Говорот на Трамп ќе биде околу три часот наутро на Централноевропско време, еден ден пред Сенатот да даде последен збор за неговото можно отповикување.

 

Back to top button
Close
Close