МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 февруари 2020

4 февруари 2020

– Намалено работно време од 36 часа неделно, платени дополнителни ангажирања, регулирано ноќно работење, загарантирана слобода на информирање, но и заштита на МИА од партиска пропаганда и навреди што би ја загрозиле репутацијата на Агенцијата, предвидува Колективниот договор што денеска беше потпишан од АД Медиумска информативна агенција – МИА и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници – ССНМ.

– Необработен медицински отпад без почитување на пропишаниот протокол се третирал на депонијата Дрисла. Случајот во декември го открил главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав Богдановски кој реагирал професионално и одговорно затоа што имал многу дојави од граѓани дека во кругот на фирмата подолго време се случува нешто сомнително, се шири непријатен мирис и дека отпадот не се третира соодветно. Градскиот инспекторат го известил Јавното обвинителство.

– Министерството за економија вчера го објави јавниот повик за поддршка за занаетчиството, денеска за туризмот, а утре ќе биде објавен повикот за субвенции за печки на пелети, кои се предвидени во годишните програми, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска ја почна официјалната посета на Полска. Тој беше пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.

– Реагенсите за испитување на коронавирусот денеска би требало да пристигнат во државава. Досега имавме договор со Србија крвните анализи да се праќаат во Ниш, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Лидерот на СДСМ Зоран Заев попладнево ќе одржи работен состанок со компаниите – членки на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО).

– Со претседателот Румен Радев немаме никакви заеднички точки, освен бесмислените консултативни совети, каде никогаш ништо не се реши. Претседателот всушност ќе ми ја олесни работата, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, откако во обраќањето кон нацијата шефот на државата кажа дека ја изгубил довербата во владата, пренесе БГНЕС.

– Русија се подготвува за случај на брзо ширење на коронавирусот, изјави висок руски службеник, откако некои региони ги затворија училиштата и ги откажаа јавните настани поради ширење на грипот.

– Јужноафриканскиот суд издаде налог за апсење на поранешниот претседател Џејкоб Зума откако поради наводни здравствени проблеми избегнал судење за корупција, кое треба да продолжи на 6 мај.

Back to top button
Close
Close