МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 февруари 2020

4 февруари 2020

– Визијата на Гоце Делчев станува мост кој нѐ поврзува со другите народи во заедничките напори за обединета Европа, напиша лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот фејсбук-профил по повод 148 години од раѓањето на Делчев.

– Брисел подготвува план за промена на процедурата за преговорите за членство во ЕУ, кој се очекува да стане ново потенцијално бојно поле меѓу членките на Унијата околу тоа дали да се даде зелено светло за отпочнување на претпристапниот процес за Скопје и Тирана, оценува лондонски „Фајненшл тајмс“.

– Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое на Фејсбук му се зканувало на доскорашниот премиер Зоран Заев.

– Во текот на денов ќе продолжат билатерални средби со претставниците на пратеничките групи на кои се разгледуваат нивните амандмани за законот за јавно обвинителство, потврдија за МИА од Министерството за правда.

– Новоизбраниот косовски премиер Албин Курти денеска се очекува свечено да ја преземе должност шеф на извршната власт на Косово, по што ќе се одржи и првата седница на неговиот кабинет, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Белгиец, еден од деветмината кои пред два дена се евакуирани од кинескиот град Вухан, е позитивен на коронавирус, соопшти денеска белгиската здравствена агенција.

– Две лица кои работат за една хуманитарна организација се осудени на затворски казни во Иран за шпионажа за американската Централна разузнавачка агенција, објави денеска портпаролот на иранското судство.

 

 

 

Back to top button
Close
Close