МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

3 февруари 2020

3 февруари 2020

– Покрај патниците што доаѓаат со летовите од Истанбул и Дубаи, поради коронавирусот, на скопскиот аеродром се скенираат и патниците кои доаѓаат со летови од Доха, а викендот биле извршена и проверка на двајца патници кои пристигнале со лет од Белград, но било констатирано дека се од Кина, кај кои по проверката не е утврдено дека имаат симпотоми и понатаму се пропуштени со препораки за коронавирусот.

– Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП) во текот на минатата недела била контактирана за совет од страна на малолетни лица, жртви во случајот со групата „Јавна соба“ на Телеграм, која по барање на МВР е избришана. За истиот случај и невладина организација се интересирала во врска со постапката за пријавување на злоупотреби на лични податоци, за тоа кои се превентивните мерки што се потребни да се преземат при користење на социјалните мрежи и пристап на интернет и идни проекти и активности за едукација на младите на оваа тема.

– Започна исплатата за второто тримесечје на „МојДДВ“. На сметките на апликацијата МојДДВ кои скенирале фискални сметки во месеците октомври, ноември и декември 2019 година, ќе бидат исплатени 3.871.000 евра, објави попладнево директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на својот фејбук-профил.

– Претседателот Стево Пендаровски, утре ќе престојува во официјална посета на Република Полска.

– Лидерот на Алијансата ново Косово (АКР) и досегашен министер за надворешни работи Беџет Пацоли изјави дека неговата партија во Собранието произлезено од октомвриските парламентарни избори ќе биде конструктивна опозиција, а денеска ќе гласа за Владата што ја предложи мандатарот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Со истапувањето на Обединетото Кралство од Европската Унија на 31 јануари годинава, ЕУ нема ниедна земја членка во која англискиот е официјален јазик, но тоа нема да ги смени правилата во институциите на ЕУ за сега, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Кинески научници соопштија дека има сè повеќе докази дека лилјаците се преносители на коронавирусот во Кина.

 

 

Back to top button
Close
Close