МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

3 февруари 2020

3 февруари 2020

– Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 15.784 субјекти исплати 582.841.911 денари за одгледувачите на лозови насади.

– Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања и организациски секретар на Демократската унија за интеграција Артан Груби, на покана од Американскиот Конгрес, повторно ќе присуствува на традиционалниот Молитвен појадок во Вашингтон, САД, на кој ќе учествува американскиот петседател Доналд Трамп и лидери на многу други земји.

– Почитувањето на верските права и слободи во Северна Македонија се на еднакво или дури и повисоко рамниште споредено со земјите членки на ЕУ. И христијаните и муслиманите речиси подеднакво би гласале ЗА на референдум за членство во Европската Унија и сметаат дека членството на Северна Македонија во ЕУ нема негативно да се одрази врз практикувањето на нивните верски права и слободи, а во одредени административни сегменти може и да ги подобри верските слободи.

– Со капацитет да примат од 500 до 2000 лица, во осум различни периферии во Грција, грчката Влада планира да изгради 20 нови центри за бегалци и мигранти според грчкиот весник „Real news“.

– Рускиот премиер Михаил Мишустин денеска одлучи Русија да обезбеди хуманитарна помош за Кина во борба против коронавирусот, изјави вицепремиерката Татјана Голикова по состанокот на Мишустин со заменик-премиерите.

– Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека силите на сириската влада ги нападнале турските сили затоа што Русија не била информирана за турските воени операции кај Идлиб.

 

Back to top button
Close
Close