МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

31 јануари 2020

31 јануари 2020

– Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со државниот секретар Драган Николиќ и претставници од Секторот за човечки ресурси во МО и од Генералштабот денеска во Домот на Армијата имаа средба со припадници на Армијата кои оваа година го исполнуваат условот 45 години старост со што завршува нивната служба во Армијата.

– Прометот во трговијата на големо во декември 2019 година е зголемен за 19,9 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, а прометот на мало бележи зголемување од 12,7 отсто.

– Бројот на работниците во индустријата во декември 2019 година е за 2,4 отсто помал во споредба со истиот месец од 2018 година, а на годишно ниво е помал за 1,6 отсто.

– Амбасадорот на Велика Британија во Косово, Николас Абот, порача дека и по излегувањето од Европската унија неговата земја ќе остане близок пријател и партнер на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Покривот на спортскиот и концертен комплекс „Петербургски“ во рускиот град Санкт Петербург се урна за време на демонтажа. Под урнатините веројатно има едно лице, објави ТАСС.

– Кинеските научници наводно развиле експресен тест што за помалку од 15 минути може да го открие новиот коронавирус.

 

Back to top button
Close
Close