МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

31 јануари 2020

31 јануари 2020

– Со презентација на материјални докази и фотографии на кои се прикажува запленета облека на шоуменот Бојан Јовановски, продолжува судењето за предметот „Рекет“ во кој обвинети се Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, осомничено дека сторило кривично дело лажно пријавување односно за лажната дојава за бомба во трговскиот центар „Сити мол“.

– Предизвиците поврзани со евроинтеграциите на Република Северна Македонија, а во пресрет на Самитот на ЕУ во март, во насока на потенцијалите за почеток на преговорите со ЕУ пред мајскиот самит посветен на Западниот Балкан, беа централна тема на првата средба на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи со новоназначената амбасадорка на Португалија за земјава, со седиште во Белград, Марија Виржиња Мендес да Силва Пина.

– Претседателството на косовското Собрание одлучи денеска пленарната седница на која ќе се гласа за составот на новата Влада на Косово да се одржи в понеделник, на 3 февруари, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Велика Британија, која денеска ја напушта ЕУ, останува „партнер и пријателска земја“, но Унијата ќе биде „многу одлучна“ во своите преговори со Лондон, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

– Американскиот Стејт департмент и Јапонија ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Кина, каде што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми на 213, и откако Светската здравствена организација прогласи вонредна здравствена состојба на глобално ниво поради коронавирусот.

Back to top button
Close
Close