МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

30 јануари 2020

30 јануари 2020

– Договори со 11 инвеститори за изградба на фотоволтаични електрани со вкупна инсталирана моќ од 35 мегавати на државно земјиште, на локациии во Македонски Брод и Свети Николе, денеска беа потпишани во Владата.

– Грција имаше многу позитивен став на Самитот на ЕУ во октомври, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Осамни за грчкиот весник „Катимерини“. Го потенцирам ова, бидејќи вашата земја ја претставуваше новата Влада и сите се плашевме дека ќе има поразличен пристап. Но, ни понуди целосна поддршка за почеток на преговори, нагласува Османи.

– „Шанси, очекувања и предизвици за стопанството во 2020“ е темата на панелот што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Делегацијата на германското стопанство во држвава.

– Прес-конференција на претседателот на Владата, Оливер Спасовски и министерот за економија, Крешник Бектеши на која ќе бидат потпишани договори за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од обновливи извори.

– Бегалец од Сирија, со нож, смртно ја повредил неговата сопруга во бегалскиот камп Лаврио во близина на Атина, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Владиниот предлог за добивање надлежности за спроведување нов референдум за независност на Шкотска е подржан од парламентот, соопшти весникот „Нешенел“.

– Тројца од 206 јапонски патници кои вчера беа евакуирани од Вухан заразени се со коронавирус, што се појави во овој кинески град во декември, соопшти утрово јапонскиот министер за здравство Катсунобу Като. Досега има 11 јапонски државјани заразени со новиот вирус.
Кај еден од тројцата државјани позитивни на вирусот се развиле симптоми на болеста.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close