МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

29 јануари 2020

29 јануари 2020

– Депонијата „Дрисла“ лоцирана во југоисточниот дел на главниот град на оддалеченост од 14 километри од центарот пред неколку дена премина под капа на Градот Скопје. Доскорешниот директор Горан Ангелов е разрешен, а на негово место за в.д. директор е поставен Коста Начевски. Надлежните најавија детални проверки на работата на „Дрисла“ во изминативе години кога депонијата беше под концесија, а за која кај голем дел од граѓаните постои загриженост дека токму оваа депонија придонесува за загадувањето на воздухот.

–Вицепремиерот Бујар Османи во интервју за Агенција Европа, смета дека е важно одлуката за отпочнување на преговорите со ЕУ да биде донесена во март, како признание за напорите на Владата.

– Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 21 часот и 15 минути е почувствуван во западна Македонија, особено во Дебар и околината, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

– Амбасадите на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД (Петорката) во Косово објавија изјава во која го објаснуваат својот став дека нема да учествуваат како посредници во преговорите меѓу Самоопределување и Демократската лига на Косово (ЛДК) за формирање на нова влада, пренесоа бугарски медиуми повикувајќи се на косовскиот весник Газета експрес.

– Француските власти денеска соопштија дека во земјата е регистриран и четвртиот случај на коронавирусот и дека станува збор за еден повозрасен турист од Кина.

– Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера во Пекинг се сретна со генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејесус, на која соопшти дека во моментов Кинезите сериозно се борат со епидемијата.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close