15 мај 2020

– Ребалансот на Буџетот за 2020 година што Владата го донесе вчера на седница е ребаланс за опоравување и рестар на економијата во услови на Ковид-19, оцени министерката за финансии Нина Ангеловска, која заедно со заменик-министерката за финансии Ширет Елези ги претставија измените и дополнувањата на прес-конференција.

– Државната изборна комисија денеска му доставила мислење на претседателот Стево Пендаровски во врска со изборниот процес и временската рамка, која е потребна за тоа, во кое е потенцирано дека ДИК смета оти е потребно Владата да донесе нова уредба со законска сила и да пропише нови рокови за Избирачкиот список и за увидот во него. Таа уредба, стои во мислењето на ДИК, треба да биде прилагодена на сегашната фаза во која се наоѓаат изборите.

– Рекордно високи температури во Грција, највисоки во последните децении за месец мај, се очекуваат во текот на викендот, а во одредени делови од земјата, според предвидувањата на метеоролошкиот портал „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, ќе бидат и над 40 степени, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во Лондон бројот на новозаразени лица се спушти на 24 на ден, поради што експертите предвидуваат дека за две недели британскиот главен град би можел да биде без нови случаи на Ковид-19, објави „Сан“.

– Пекинг не планира да се вклучи во мултилатералните преговори за контрола на вооружувањето, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан.

Back to top button
Close
Close