МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

28 јануари 2020

28 јануари 2020

– Водата за пиење во Скопје е безбедна и нејзиниот квалитет одговара со Правилникот за барања за безбедност и квалитет, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

– Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза информира дека од 22 јануари 2020 година почна спроведувањето нов проект со наслов „Проспективно истражување на квалитетот на живот на лицата со мултипла склероза во Република Северна Македонија“. Истражувањето има за цел да го прикаже квалитетот на живот на пациентите со мултипла склероза (МС) во нашата држава.

– Претставници на Независниот академски синдикат (НАкС) денеска ќе имаат средба со министерот за образование и наука Арбер Адеми во МОН на која ќе разговараат за повикот на дел од ректорите на јавните универзитети да се основа нов синдикат кој треба да потпише колективен договор со единствена точка – покачување за 10 проценти на платите на вработените во високото образование.

– Потрагата по вториот пилот на воениот хеликоптер кој се урна вчера на хрватскиот остров Зларин, во Јадранско Море, траеше цела ноќ, а ќе продолжи и во текот на денот.

– Католичкиот универзитет во Лувен веќе работи на вакцина против коронавирусот врз основа на веќе постоечки вакцини, јави дописничката на МИА.

– Двајца алжирски воени пилоти загинаа при пад на воен авион во провинцијата Ум ел Буаги во Алжир.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close