МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 јануари 2020

27 јануари 2020

– Највисока снежна покривка од 10 сантиметри утрово е измерена на Попова Шапка и во Маврови Анови, а четири сантиметри се измерени во Лазарополе.

– Пожарот кој вчера избувна меѓу селата Банско и Габрово и зафати површина од еден хектaр целосно е изгаснат синоќа, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

– Жена и дете се извлечени живи под урнатините на една зграда во провинцијата Елазиг, источна Турција, по земјотресот во кој загинаа најмалку 38 лица.

– Дводневните обилни врнежи од дожд во југоисточен Бразил предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, при што загинаа најмалку 50 лица, соопштија властите во земјата.

– САД го повикаа Ирак да ги исполни своите обврски и да ги заштити дипломатските институции на својата територија, откако неколку ракети паднаа во близина на нивната амбасада во Багдад, изјави денеска портпаролот на Стејт депертментот, пренесоа агенциите.

– Ирански патнички авион се лизна од пистата и излета на улица во јужниот град Махшар. Во инцидентот нема повредени.

– Кина ќе издвои 8,74 милијарди долари за да го спречи ширењето на коронавирусот, соопшти кинеското Министерство за финансии.

– Најмалку три лица се повредени во ракетниот напад врз Амбасадата на САД во Багдад, објави ирачката телевизија повикувајќи се на ирачките безбедносни служби.

 

Back to top button
Close
Close