МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

23 јануари 2020

23 јануари 2020

– Предлог законот за јавно обвинителство е направен политичарите да не местат обвинители, туку да биде структурно и системско решение далеку од рацете на политичарите и во функција на јакнење на независноста и реформите во правосудството и воопшто не држат тезите дека преку него некој се обидува да амнестира случаи и да скрие криминал на актуелната власт, порача денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Сигурна сум дека изборите ќе ги организираме како 30. членка на НАТО Алијансата, изјави денеска на прес-конференција вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во врска со последната 29-та ратификација на Протоколот за нашето членство во Алијансата која наскоро треба да се случи во Парламентот во Шпанија, а ќе следи и во нашиот Парламент.

– На Универзитетската Клиника за детски болести во моментов се хоспитализирани четири деца со симптоми на грип, информираат од таа јавна здравствена установа.

– Во 2018 во земјава не е увезен опасен отпад, посочи заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, при при денешната посета на Велес. Тој појасни дека во државата никој нема добиено дозвола да се увезе отпад за истиот да се чува некаде.

– Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека руските системи за воздушна одбрана Ц-400 се компатибилни со американските борбени авиони Ф-35 и не претставуваат закана за НАТО.

– Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска оцени дека бројот на случаи на новиот коронавирус веројатно ќе биде многу поголем од досега потврдените.

– Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави денеска дека светот мора силно да се спротивстави на „грозната плима на антисемитизам“ кој се шири низ светот, оценувајќи дека предводник на таа политика е Иран.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close