МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 јануари 2020

21 јануари 2020

– Раст и кај депозитите и кај кредитите е забележан во декември годинава. Според објавените податоци на Народната банка на месечна основа депозитите бележат раст од 3,4 отсто, а на годишно 9,5 отсто, додека кај кредитите растот е 1,9 отсто на месечно ниво и на годишно ниво шест отсто.

– Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ги повика политичките партии да ги надминат, како што кажа, теснопартиските и политички позиции што се однесува до законот за јавно обвинителство, да се изнајде компромис и пред се симболички да испратиме порака дека сме подготвени да соработуваме во борбата со корупција од високо ниво. Османи, потсети дека законот не е условен од Европскиот совет или Комисијата, но дека е важно за одредени земји членки на Унијата, како Холандија и Франција.

– Градоначалниот на Скопје Петре Шилегов денеска во 14 часот ќе ги достави документите до Централен регистер за разрешување на директорот на „Дрисла“ Горан Ангеловски.

– Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат – отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ, порача денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска од Давос, каде учествуваше на панелот на тема „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, кој се одржа во рамки на Светскиот економски форум.

– Четири лица со компликации од грип од кои едно во тешка здравствена состојба и осум други кои имаат симптоми на вирусот се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести. Меѓу заболените нема деца, информираат за МИА од Клиниката.

– Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, изјави денеска дека во Србија нема простор за паника по појавата на нов коронавирус во Кина, што се шири и во други земји, и дека контролата на граничните премини ќе бидат зајакната.

– Четири лица загинаа, од кои тројца мажи и една жена, во невремето што од неделата зафати поголем дел од Шпанија.

– Најмалку 12 цивила, меѓу кои и седум деца, се убиени денеска во руски воздушни напади во северозападниот дел на Сирија.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close