МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 јануари 2020

21 јануари 2020

– Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски во интервју за МИА рече дека иако не се уште распишани, Комисијата се подготвува за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 12 април. Во интервјуто за МИА Деркоски вели дека најавените измени на Изборниот законик кои се уште не се во собраниска процедура треба да бидат што поскоро донесени за да има време да се имплементираат правилно.

– Скоро во целата држава утринава температурите се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -13 степени, а најтопло во Дојран и Гевгелија каде утринската температура е само нула степени.

– Семејствата на жртвите во здружението „Мајки на Сребреница“ поднесоа тужба против холандската држава до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

– Во пожар што изби во источниот дел на Сибир загинаа најмалку 11 луѓе, соопштија руските власти.

– Поранешниот директор на Интерпол, Менг Хонгвеј денеска е осуден на 13,5 години затвор поради земање мито.

 

Back to top button
Close
Close