МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

20 јануари 2020

20 јануари 2020

– Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Деспотовски денеска ја посетија скопската ИТ компанија Докстим, која е корисник на средства од Фондот преку инструментот за кофинансирани грантови за иновации, за да се запознаат со начинот на работа на делот од компанијата Микротика кој изработува софтвер што треба да им овозможи на ИТ компаниите полесно да развиваат сопствен софтвер.

– Засега нема изгледи дека владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ би можеле деновиве да постигнат договор за новиот предлог за законот за јавно обвинителство. За утре се најавува средба помеѓу Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и разговори за тоа како да се продолжи со дијалогот.

– Претседателот на Владата Оливер Спасовски денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Турција во нашата држава, Хасан Мехмет Секизќок, на која била потврдена турската поддршка за Северна Македонија во НАТО и ЕУ интеграциите.

– По тринеделен зимски распуст, учениците утре ќе се вратат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2019/2020 година.

– Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевитнуваат за 1,5 денари, цената на бензините останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

– Потпретседателката на Европска Комисија Дубравка Шуица денеска предложи Конференцијата за иднината на Европа да почне во Дубровник на 9 мај.

– Преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија за идните односи нема да можат да почнат пред крајот на февруари, односно почетокот на март, потврди Европската комисија.

– Илјадници студенти се собраа денеска во централниот дел на багдадскиот плоштад Тахрир по судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили во ирачкиот главен град и другите покраини.

Back to top button
Close
Close