МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 јануари 2020

17 јануари 2020

– Собранието на Република Северна Македонија на почетокот на февруари се очекува да ја донесе Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси, која денеска од страна на членовите на Комисијата му беше врачена на првиот парламентарец Талат Џафери. Претходно денеска претседателката на антикорупциска Билјана Ивановска ја презентираше оваа стратегија пред медиумите.

– Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево одржува средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Сака да ги слушне, како што рече пред средбата, предлозите на бизнис заедницата, а потоа и да ги вметне во партиската економска изборна програма која ќе биде претставена пред граѓаните.

– Преодната Влада на Северна Македонија ги има сите овластувања да обезбеди континуитет на политиките и процесите од интерес на земјата и граѓаните, меѓу кои свое место има и продлабочување на соработката со Руската Федарација, порача денеска премиерот Оливер Спасовски на средбата со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.

– Претседателот на СДСМ, Зоран Заев е оптимист дека до 12 април и пред распуштање на Парламентот, ќе се донесе законот за јавното обвинителство. Тој денеска, пред средбата со бизнис заедницата во Стопанската комора на Македонија, го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да изнајдат заедничко решение.

– Не сметам дека донесовме избрзана одлука со распишувањето на предвремените избори по недобивањето датум за почеток на преговорите за членство, туку го направивме вистинскиот потег со цел граѓаните да направат вистински потег со носење на вистинска одлука на изборите, изјави премиерот Оливер Спасовски во интервју за МИА.

-По повод денешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ, дека парламентарните и локални избори ќе се одржат на 19 или 26 април, премиерката Ана Брнабиќ кажа дека распишување на изборите и одредувањето датум се исклучива одговорност на претседателот на Србија.

– САД намерно го убија иранскиот генерал Касем Сулејмани за да ја поткопаат безбедноста и да го дестабилизираат регионот, оцени денеска руското Министерство за надворешни работи како одговор на прашање од медиуми, објавен на официјалната веб-страница на Министерството.

– Минатата година бројот на кинеското население достигна 1,4 милијарда, и покрај тоа што стапката на наталитет на земјата продолжува да опаѓа.

– Хари Мегваер е официјално новиот капитен на Манчестер јунајтед.

 

Back to top button
Close
Close