МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 јануари 2020

17 јануари 2020

– Намалена видливост поради магла утринава има во Тетово и Охрид. Од ЈП Македонија пат соопштија дека видливоста на патниот правец од Тетово кон село Гајре е 20 метри додека пак во Охрид е 30 метри.

– Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, Законодавно правната комисија, постојаната анкетна комисија за правата на граѓанинот и комисијата за здравство.

– Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите од Западен Балкан, при тоа предупредувајќи на ризиците со кои ќе се соочи ЕУ ако не испрати јасен сигнал за регионот.

– Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Тихи Океан во близина на брегот на Камчатка на рускиот Далечен Исток, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

– Израелската полиција приведе петмина фински државјани, меѓу кои и една парламентарка.

– Единаесет американски војници се повредени за време на иранскиот напад врз базата Ал Асад во Ирак, иако Пентагон претходно тврдеше дека никој не бил повреден.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close