МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

16 јануари 2020

16 јануари 2020

– Регистриран е пораст на бројот на заболени од грип во државава. Изминатата недела (од 6 јануари до 12 јануари), се регистирани 583 заболени од грип, што е зголемување за речиси три пати споредено неделата пред неа кога беа регистрирани 207 случаи. Ова денеска го изјави денеска епидемиологот Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

– Уште подобро етаблирање на Парламентот како вистински претставник на граѓаните и како независен носител на законодавната власт преку унапредување на неговите служби, ќе овозможат измените и дополнувањата на Законот за Собранието на Република Северна Македонија што денеска беше едногласно донесен, со поддршка на сите, вкупно 82 пратеника, присутни на 130. седница.

– Реформите за унапредување и заштита на правата и благосостојбата на децата во државата и на процесот на деинституционализација се темите на кои се разговараше на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи со претставничката на УНИЦЕФ во нашата држава, Патриција Ди Џовани.

– Конзистентност имаше во една од клучните пораки што вчера за време на посетата на Северна Македонија ја испрати еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји – неговата надеж и очекување законот за јавно обвинителство да се донесе во сегашниот парламентарен состав, пред изборите. Ова во интервју за МИА го истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров, кој вчера се сретна со Вархеји, откако еврокомесарот претходно имаше средби со сите високи државни претставници во земјава, со власта и опозицијата.

– Партијата на Јанез Јанша преку предлог закон ќе побара повторно да се врати задолжителниот воен рок на словенечките граѓани. Според паријата на Јанша – СДС, служењето на воениот рок треба да трае една година, јави дописникот на МИА од Љубљана.

– Украина упати апел до Федералното истражно биро (ФБИ) за помош при истражувањето на наводниот кибер напад на руски воени хакери врз енергетската компанија „Бурисма Холдингс“, изјави денеска претставникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Артиом Мињаило.

– Обвинителката на Девствените Острови побара одземање на имотот на покојниот холивудски продуцент Џефри Епстајн, кој беше обвинет за сексуално злоставување на малолетни лица на архипелагот до 2019 година меѓу кои и 12-годишно девојче.

Back to top button
Close
Close