МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

16 јануари 2020

16 јануари 2020

– Единствен начин за да се решаваат проблемите со аерозагадувањето на систематски начин – долгорочно, среднорочно и краткорочно, е да имаме планови кои на ефикасен начин ќе ни овозможат да се справуваме со загадувањето. Ова го истакна Ана Петровска, државен секретар во МЖСПП на денешната Тркалезна маса „Состојби, предизвици и перспективи за решавање на проблемите со аерозагадувањето во Скопскиот плански регион – Предлози”, во организација на Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД.

– Со изведба на химните на Хрватска од страна на далматинската клапа „Грделини“ и на Северна Македонија од страна на пејачката Елена Ристеска, синоќа во Европската куќа во Скопје беше одбележано меѓународното претставување на хрватското претседавање со Советот на ЕУ.

– Во изминатите неколку дена пазарџиите од „Зелен Пазар“ протестираат, бидејќи им беа скратени сите злоупотреби кои ги извршуваа секојдневно на паркиралиштето „Аутомакедонија“, велат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

– По повод загадувањето на воздухот во Србија, што и денеска е големо, се огласи министерот за здравство, Златибор Лончар, кој изјави дека „има загаден воздух, но нема причина за паника, бидејќи тоа не може да доведе до сериозни здравствени проблеми.“

– Шпанската цивилна гарда ја истражува смртта на словачкиот конзул во Казахстан. Неговото тело било пронајдено во вторникот попладне во Ла Нуција, место во непосредна близина на Аликанте.

– Рускиот Парламент денеска го изгласа Михаил Мишустин за премиер на Русија.

– Околу 350.000 Сиријци, претежно жени и деца, се раселени за време на обновената руска офанзива на провинцијата Идлиб, која е под контрола на опозицијата, од почетокот на декември, соопштија Обединетите нации.

– Еден Азар е прогласен за најдобар белгиски фудбалер кој игра во странство за 2019 година. Тој не можеше да присуствува на церемонијата на доделување на наградите поради повреда.

Back to top button
Close
Close