МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

16 јануари 2020

16 јануари 2020

– Во Охрид започнуваат финалните подготовки за организацијата на најмасовната манифестација во градот – Богојавленскиот водосвет и осветувањето на водите на Охридското Езеро за Водици. Точно на пладне започнува пријавувањето на капачите кои ќе го бараат Чесниот крст во осветените езерски води.

– Кралството Норвешка отсекогаш претставувало земја пријател и важен подржуваш на Република Северна Македонија, во остварувањето на нашите приоритети и стратешки реформски цели поврзани со интеграцијата на земјата во ЕУ, посочи вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со Јорн Јелштад, новоименуваниот норвешки амбасадор во земјава со седиште во Белград.

– Економските фундаменти оставаат простор за понатамошно водење олабавена монетарна политика, порача гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во обраќањето на Форумот на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ во Виена, еден од водечките традиционални настани од областа на финансиите. На овој годишен настан редовно присуствуваат повеќе од илјада учесници – гувернери на централни банки, министри за финансии, раководители на финансиски институции и инвеститори.

– Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави денеска, на втората годишнина од атентатот на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, дека нејзина главна порака е да Србија нема да сопре со истрагата сè додека не бидат откриени нарачаталите и сторителите на тоа злосторството, и тоа „реалните, а не тие како би сакале некои да ја направат оваа приказна“.

– Народната партија на Австрија (ОВП) на канцеларот Себастијан Курц е казнета со 800.000 евра од Независниот сенат за транспарентност на партиите (УПТС) поради надминување на дозволениот буџет за изборната кампања во 2017 година.

– Иран сега збогатува повеќе ураниум отколку што тоа го правеше пред потпишувањето на нуклеарниот договор со светските сили во 2015 година, изјави денеска претседателот Хасан Рохани во телевизиско обраќање до нацијата.

– Данска е елиминирана во прелиминарната групна фаза на Европското ракометно првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Актуелниот светски и олимписки шампион се надеваше на триумф на Исланд над Унгарија за опстанок на турнирот, но тоа не се случи.

 

 

 

Back to top button
Close
Close