МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

16 јануари 2020

16 јануари 2020

– Најстудено утрово е во Берово, -8 степени, а максимални два степена се измерени во Дојран. Висината на снежната покривка е 13 сантиметри во Маврови Анови, девет во Крушево, седум на Попова Шапка, три во Пожаране и два во Ѓуриште.

– Поради сообраќајна несреќа автопатот Велес – Скопје е целосно затворен за сообраќај, информираат од АМСМ.

– Хрватска изгуби 500.000 луѓе во работна сила во текот на изминатите десет години од 2008 до 2018 година. Тоа го тврди Даворко Видовиќ, советник за труд и политика за вработување во Хрватската стопанска комора (ХСК).

– Рускиот Парламент ќе го разгледа денеска назначувањето нов руски премиер, именуван од претседателот Владимир Путин вчера, по ненадејната оставка на владата и најавите за уставни измени.

– САД и Кина почнаа да ја разгледуваат „втората фаза“ од трговскиот договор, изјави изјави за американските медиуми потпретседателот на САД, Мајк Пенс, непосредно откако двете земји ја потпишаа првата фаза од договорот.

 

Back to top button
Close
Close