МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

15 јануари 2020

15 јануари 2020

– Во текот на денов по котлините ќе има магла или значителна ниска облачност, а во останатите делови и особено на планините ќе преовладува сончево време.

– Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји денеска ќе престојува во прва официјална посета на Северна Македонија.

– Центарот „Симон Визентал“ остро протестираше против одлуката на словенечкиот Врховен суд да ја поништи од процедурални причини пресудата со која домобранскиот генерал Леон Рупник беше осуден на смртна казна и егзекутиран во 1946 година.

– Едно лице загина, а најмалку девет се повредени, од кои три потешко, во силната експлозија во хемиската фабрика на североистокот од Шпанија, соопштија регионалните каталонски власти, пренесуваат американските медиуми.

– Судењето за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп во Сенатот најверојатно ќе почне на 21 јануари , соопшти шефот на републиканското сенатско мнозинство, Мич Меконел. Прелиминарните фази, како што се полагање заклетва на сенаторите пред шефот на Врховниот суд задолжен за надгледување на расправата во Сенатот, може да бидат спроведени уште во текот на оваа недела, им кажа Меконел на новинарите.

Back to top button
Close
Close