МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

14 јануари 2020

14 јануари 2020

– Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до возачите да ги употребуваат сигурносните појаси и на најкратките патувања. Една од причините за големиот број на загинати и тешко повредени лица во сообраќајни незгоди е ниското ниво на употреба на сигурносни појаси.

– На средбата со вселенскиот патријархот Вартоломеј изразив надеж дека тој ќе продолжи, во духот на толеранцијата и разбирањето, да поттикнува дијалог со цел да се изнајдат решенија за проблемите кои ги имаат и православниот свет и верниците, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.

– Сите постапки на секој член на извршната власт мора јасно да потврдат дека Владата и државата се во сигурни раце, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски, нагласувајќи дека секој политички чин на членовите на владиниот кабинет во сите линии на хиерархијата треба да произлегува од одговорноста со цел сите граѓани да бидат спокојни.

– Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција на предлог на Министерството за финансии е меѓу точките од дневниот ред на денешната редовна, трета седница на Владата.

– Преспанскиот договор создаде механизми за решавање на други отворени прашања меѓу Северна Македонија и Грција, изјави универзитетскиот професор Цане Мојаноски, гостувајќи во емисијата „Утрински Брифинг” на Слободна ТВ, при што меѓу другото оцени дека црковните прашања веќе не се само во доменот на приватноста, бидејќи се поврзуваат со општествени состојби.

– Пазарџиите од Зелен пазар кои бараат намалување на цените за паркинг на Општина Центар, и денеска втор ден, од изутрина се на протест поради што е блокиран сообраќајот на дел од булеварот „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје, на потегот кај дирекцијата на Макпетрол.

-Следната среда, 22 јануари 2020, на островите во северниот дел на Егејското Море, односно оние што се најпогодени од бегалскиот/мигрантскиот проблем ќе се одржи генерален штрајк поради владината политика за конкретното прашање, објавија грчките медиуми.

– Британскиот премиер Борис Џонсон го повика денеска американскиот претседател Доналд Трамп да го замени иранскиот нуклеарен договор со нов, сопствен документ, со цел да постои гаранција дека таа земја нема да произведе нуклеарно оружје.

– Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека убиството на иранскиот врховен командант Касим Сулејмани ги надминува сите правни и човечки граници.

– Две деца денеска загинаа во две речиси истовремени експлозии на северот од Авганистан, во кои уште девет други лица се повредени, јавија агенциите.

– Владата на Венецуела е подготвена за нови преговори со опозицијата, на кои би разговарале за иднината на земјата, изјави денеска претседателот на Уставотворното Народно собрание Диосдадо Кабело.

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close