МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

9 јануари 2020

9 јануари 2020

– Не треба да си дополнителен заменик-министер во Министерството за финансии за да ја видиш секоја трансакција и каде оди секој денар. Тоа сега може да го гледа секој преку платформата „Отворени финансии“, рече денеска министерката за финансии Нина Ангеловска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има опструкции од страна на Министерството за финансии на работата на дополнителната заменик министерка Гордана Димитриеска Кочоска.

– Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи смета дека е срамно во политичка битка да се користат националната, етничката или верската припадност. Таа е горда на своето потекло, но вели, „Република Македонија е нејзин дом и нема да дозволи некој да го обележи народот како антисемитски“.

– ХИВ е вирус за кој не постои лек, но искуствата покажуваат дека со сеопфатни мерки од здравствена, социјална, правна и културолошка перспектива може да се спречи ширење на вирусот, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој со претставникот на Здружената програма на Обединетите нации за ХИВ/СИДА, Константин Војцехович ја потпишаа Париската декларација за ставање крај на оваа епидемија како закана за јавното здравје до 2030 година.

– Пуштање во употреба на првите 30 километри од автопатот Кичево – Охрид, обнова на локални патишта во должина од 450 километри, завршување на првата делница од пругата кон Бугарија, тендери за магистралните гасоводи Велес – Свети Николе и Гостивар – Кичево, промоција на Охридскиот аеродром и нови авиолинии, изградба на социјални станови.

– Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска информира дека според податоците што ги добила од центрите за социјални работи во моментов има поднесени и нерешени 11.514 барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Тоа, според неа, говори дека досега Владата и Министерството ги ставале под тепих проблемите на граѓаните.

– Проширување на билатералната сорабока во сферите на трговијата, инвестициите, енергетиката, земјоделството, инфраструктурата, културата, туризмот, образованието, науката, технологијата, традиционалната кинеска медицина, најави денеска кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕуо на прес-конференцијата, на која ги изнесе деталите од досегашната соработка со Северна Македонија, но ги посочи и главните предизвици со кои се соочила неговата земја, минатата година, кога ја одбележа 70-годишнината од основањето. Тој најави дека оваа година двете земји ќе работат во насока на воспоставување безвизен режим.

– Масовниот одлив ма луѓе од источните кон западните земји членки на Европската Унија е егзистенцијално прашање, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во интервју за француски Ле Монд.

– Европската Агенција за безбедност на авиосообраќајот (ЕАСА) ги предупреди земјите членки да ги избегнат комерцијалните летови во воздушниот простор на Иран.

– Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во телефонски разговор го повика иранскиот претседател Хасан Рохани да избегне преземање неповратни чекори и изрази надеж за смирување на состојбата на Блискиот Исток.

 

 

Back to top button
Close
Close