МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

8 јануари 2020

8 јануари 2020

– НАТО е единствено и обединето и таа обединетост беше потврдена и во Северноатлантскиот совет оваа недела, нагласи претседавачот на Воениот комитет на НАТО, воздухопловниот маршал Стјуарт Пич, во ексклузивното интервју за МИА, во кое меѓу другото, говоревме и за последните случувања на Блискиот Исток, по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани.

– Владата денеска на редовната втора седница донесе одлука од резервите на Буџетот за 2020 година да бидат одобрени 6.000.000 денари за помош за настраданите од пожарите во Австралија.

– Предлог – програмата за развој на туризмот за 2020 година, како и годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектна документација, се усвоени денеска на седница на Владата.

– Гласање во дијаспората за предвремените парламентарни избори ќе може да се спроведе доколку за тоа се пријават најмалку 6.700 наши гласачи.

– Државната изборна комисија (ДИК) планира за изборните активности за претстојните предвремени парламентарни избори да потроши 571 милион и 500 илјади денари. Од нив, најголем дел или околу 400 милиони, се планира да се потрошат за финасирање на медиумската кампања на политичките партии кои ќе учествуваат на парламентарните избори.

– Гасоводот „Турски тек“ е од големо значење за иднината на Србија, за привлекување инвестиции и за понатамошниот економски и индустриски напредок на земјата, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на покана на турскиот претседател Таип Ердоган присуствува на церемонијата на отварање на гасоводот „Турски тек“ во Истанбул.

– На свечена церемонија во Истанбул денеска е означен почетокот на работата на гасоводот Турски поток, на која присуствуваа претседателите на Русија, Турција и Србија, Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и Александар Вучиќ, како и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

– Едно лице е убиено, а три се потешко повредени во пукотницата до која дошло утринава во 7,30 часот по локално време (13,30 по средноевропско) во главниот град на Канада, Отава.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close