МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

8 јануари 2020

8 јануари 2020

– Државната изборна комисија на денешната седница ќе го разгледа и усвои Извештајот на ДИК за преземените работи согласно член 153-а од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот од мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, по известувањето од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија за престанок на мандатот на пратеникот Невенка Стаменковска Стојковски.

– Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи втората редовна седница, на која меѓу другото, ќе се разгледа и усвои Предлог – програмата за работа на Владата во 2020 година.

– Откупот на тутунот се одвива непречено на сите откупни пунктови во земјава. Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство досега се откупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм, што е досега највисока просечна цена. Вредноста на откупениот тутун е над 4,2 милијарди денари и 94,4 отсто од досегашниот откупен тутун е исплатен од страна на откупните компании, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– По изборот на новата Влада во Мадрид во Шпанија постојат стабилни политички услови за да ја затворат нивната ратификација на протоколот. Владата го утврди текстот за ратификација на Вашингтонскиот договор и тој е пратен во Собрание. Тоа значи дека и ние сме спремни за ратификација, вели Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот и кандидат за амбасадор на Северна Македонија во НАТО.

– Судбината на предметите „ТНТ“, „Титаник“, „Монструм“ и „Талир“ е во рацете на Судскиот совет кој треба да одлучува дали поротничката Лилјана Ивановска Кочовска може да остане дел од судечкиот совет или нејзиниот мандат е завршен и ќе треба да почнат од почеток.

– Во Љубљана утрово почна главното судско рочиште против 11 лица и една компанија, кои се дел од најголемата здравствено-корупциска афера во Словенија. На првото рочиште кое се одржа во мај и јуни минатата година, сите обвинети вклучително и првообвинетиот доктор Зоран Милошевиќ се изјаснија за невини, јави дописникот на МИА од Љубљана.

– Статистиката на Министерството за внатрешни работи на Австрија покажува дека минатата година низ патиштата во земјата животот го изгубиле вкупно 410 лица, јави дописникот на МИА од Виена.

– Кинеското Министерство за надворешни работи денеска изрази загриженост поради зголемените тензии на Блискиот исток, изразувајќи надеж дека ситуацијата брзо ќе се смири.

– Меѓу патниците загинати во авионската несреќа во Иран биле 82 државјани на Иран и 63 Канаѓани, како и државјани на Украина, Шведска, Авганистан, Германија и Британија.

– Шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф денеска изјави дека ракетниот напад врз американски цели во Ирак се „легитимна самоодбрана“.

– Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави дека ракетниот напад врз базите со американски војници во Ирак е шлаканица за Америка, додавајќи оти „не е доволна воена акција“.

– Иранската државна телевизија објави видео снимка за која тврди дека балистичкиот ракетен напад врз американските војници во две воени бази во Ирак.

– Силна експлозија се случи утрово во близина на Парламентот во Могадишу.

Back to top button
Close
Close