29 мај 2020

– Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија (СЗПМ) ги поздравува мерките на Владата за слободно движење на сите граѓани, вклучувајќи го и бесплатниот автобуски превоз за корисниците на пензија.

– На 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие (28/29 мај) на територијата на државата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Економијата за четири од десет Грци е најважниот проблем за земјата, пред епидемијата; 84 отсто од граѓаните се против предвремени парламентарни избори; Владата добива негативна оцена за македонското прашање; 64 проценти сметаат дека земјата оди во правилна насока, владејачката Нова демократија е во предност од речиси 20 проценти пред СИРИЗА, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Metron Analysi“ за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Пожари ширум Русија зафатија повеќе од 14.300 хектари шума, соопшти руската Служба за заштита на шумите и воздух.

– Новите жаришта на коронавирус во јужнокорејскиот главен град Сеул властите ги прогласија за „кризна состојба“ и повторно се воведени одделни рестриктивни мерки со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.

Back to top button
Close
Close