МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 септември 2020

21 септември 2020

 Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Словенија и на Европската Унија во Република Северна Македонија.

– Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов, денеска во просториите на Агенцијата ќе одржи работен состанок со претставници на Министерството за внатрешни работи, Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, Град Скопје, Општина Шуто Оризари и Коњичката федерација на Македонија.

– Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) денеска ќе го презентира првиот локален извештај за ИКТ индустријата во земјава.

„Неправилен ритам“ е насловот на изложбата на дела на академскиот уметник Билјана Билбилоска што од денеска ќе биде поставена во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

– Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска треба да оствари работна средба со генералниот секретар на Регионален совет за соработка, Мајлинда Брегу како дел од нејзината тура на земјите од регионот.

 Новиот шеф на Делегацијата на Европската унија во Скопје, Давид Гер денеска ќе оствари средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

– Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од денеска ја почнува кампањата чија цел е подигнување на свеста на сопствениците и одгледувачите на коњи кои се користат за влеча, превоз и работа, како и подигнување на свеста за опасноста од учеството на оваа категорија животни во сообраќајот, особено во урбаните средини.

– Одбраната на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во април 2012 година, на денешното рочиште ќе ги престави своите сведоци.

– Утре почнува собраниска седница на која треба да бидат избрани замениците-министри во Владата. На официјалниот сајт на Собранието, седницата е закажана за 11 часот.

– Комисијата за заразни болести утринава ќе се состане за да ја разгледа можноста за воведување дневен престој во училиштата, а одлуката ќе зависи од епидемиолошката слика. Последната информација со која располага Комисијата е дека нема да има целодневен престој.

– Собранието денеска ќе расправа за предлог-законите за изменување и дополнување на законите за основно и средно образование, по скратена постапка.

–  Во Кинотека во Скопје вечер во 19 часот ќе биде отворено петтото издание на Меѓународниот филмски фестивал за духовни,  хумани и културни вредности „Богородичен покров”.

– Времето денеска ќе биде сончево со мала, а на југозапад со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

 Лидерите на коалициите „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е наша нација“ и „Црно-бело“, Здравко Кривокапиќ, Алекса Бечиќ и Дритан Абазовиќ, ќе се состанат денеска во Подгорица да разговараат за програмата и приоритетите на идната влада, како и за поделбата на одговорностите.

– Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање пред Генералното собрание на светската организација повторно ќе повика на општ прекин на огнот во светот до крајот на годината, за сите земји да можат да се посветат на борбата против пандемијата на коронавирусот, иако британските медиуми наведуваат дека ефектот од неговиот апел нема да биде голем затоа што на седницата нема да присуствуваат мнозинството претседатели и премиери.

– Демократскиот кандидат на американските претседателски избори, Џо Бајден, вчера побара од американскиот Сенат, во кој доминираат републиканците, да не се изјаснува за новиот кандидат на Врховниот суд пред претседателските избори.

– Американски судија го блокираше обидот на американската Влада да ја забрани кинеската апликација за плаќање и испраќање пораки ВиЧет (WeChat).

–  Седум лица загинаа, а четворица се ранети во напад што се случи вчера во југо-западна Колумбија, соопштија локалните колумбиски медиуми, пренесе ДПА.

– Најмалку шест лица загинаа, а над 100 се повредени откако тропската бура Ноул го погоди централното крајбрежје на Виетнам, јавија денеска локалните државни медиуми.

– Илјадници Израелци синоќа протестираа пред официјалната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, и покрај наредбите за повторно воведување карантин.

– Повеќе од 150.000 странски државјани до 26 септември мора да ги продолжат своите туристички визи, во спротивно ќе бидат обвинети за кршење на законскиот период на легален престој во Тајланд.

 – Група големи глобални компании денеска ги повикаа владите ширум светот итно да усвојат мерки за запирање на забрзаното уништување на природата и климатските промени и со тоа да се постават рамки за нивната „позелена“ деловна активност, пренесува Хина.

– Некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари, покажуваат документи што протекоа во јавност.

– Тропската бура Бета се доближува до бреговите на Тексас и Луизијана и се стравува дека ќе донесе обилни дождови и ќе предизвика поплави и зголемување на водостојот по должината на брегот на Заливот.

– Властите во Хонг Конг повторно привремено ги прекинаа летовите на Ер Индија, откако се зголеми бројот на заразени патници кои доаѓаат од Индија во Хонг Конг, објавија локалните медиуми.

– Припадници на Руското воено воздухопловство и противвоздушната одбрана, заедно со Црноморската флота, ќе одржат заедничка антитерористичка вежба со иранската морнарица за време на стратешките маневри Кавказ 2020 година, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

 Актуелниот шпански шампион, Реал Мадрид, одигра само 0:0 со Реал Сосиедад, синоќа во мечот од 2. коло во новата сезона од Ла Лига.

 Тренерот Андреа Пирло имаше успешно деби на тренерското место во Јувентус, „Старата дама“ синоќа на домашен терен во 1. коло од Серија А ја победи Сампдорија со 3:0.

 Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го совладаа Денвер со 105:103 во финалето од плејофот на Западната конференција. Победничкиот удар во последната секунда го погоди Ентони Дејвис.

 

 

 

Back to top button
Close
Close