МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 септември 2020

18 септември 2020

– Државата нема веќе можност и време да чека. На оваа генерација треба да и покажеме решителност и одлучност дека сме спремни во овие четири години да ги промениме работите дома, од начинот на размислување, од менталитетот, дека не треба све преку врски и протекции да биде, туку граѓаните да ги научиме но и да им овозможиме порегуларен пат низ институциите, без главоболки да си ги остварат свите права.

Ова денеска на брифинг со новинарите го најави заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на Ковид-19, починати се осум лица, а оздравени 97.

– Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил напиша дека со конкретни мерки се грижат за лозарите, посочувајќи дека ќе одвојат дополнителни четири денари за килограм предадено грозје наменето за преработка од средства обезбедени од Програмата на Владата за справување со последиците од кризата со Ковид-19.

– Министерот за здравство Венко Филипче, денеска оствари средба со Амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија Кеико Ханеда, по повод реализацијата на грант за медицинска опрема во неколку јавно-здравствени установи.

– За оперативната соработка со Европската унија во новиот постојан центар за бегалци и мигранти што ќе се изгради на Лезбос, преку видео конференција, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, јави дописничката на МИА од Атина.

– Албанскиот претседател Илир Мета, упати остро предупредување до владејачкото мнозинство кое најави нов закон за шефот на државата со повеќе ограничувања, порачувајќи им дека „доколку се обидат да го разрешат, ќе го распушти парламентот“.

– Руското оружје е пред странските модели и според некои карактеристики е единствено, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Франција останува и понатаму против сегашниот нацрт-трговски договор меѓу Европската унија и земјите од Меркосур, соопшти денеска Владата, посочувајќи го „големиот“ проблем на уништувањето на шумите, по објавувањето на критичкиот извештај за еколошките ризици, јави дописникот на МИА.

– Според последните податоци, Аргентина регистрира 13.000 нови случаи на Ковид-19, што е рекордно дневно зголемување на бројот на заразени во земјата, која станува ново жариште на заразата во Латинска Америка.

– Едно лице го загуби животот во невремето предизвикано од тропска бура што денеска го погоди централниот дел на Виетнам, додека седум лица загинаа од гром во соседна Камбоџа.

Back to top button
Close
Close