29 мај 2020

– Оваа Ковид-19 криза донесе големи предизвици, но истовремено и можности за технологиите и жените претприемачи и треба да се искористи за да ги направиме работите подобри во иднина, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на виртуелната меѓународна конференција организирана од „Women in Tech“ на панел со тема „Дипломатската визија да се охрабрат жените во науката, технологијата, инженерство и математиката“.

– Учебната 2019/2020 година ќе заврши со онлајн-настава согласно со одлуката на Владата учениците да не се враќаат во клупите до 10 јуни. Од затворањето на училиштата и факултетите на 11 март, предизвикот беше како да продолжи наставата од далечина и да ја замени формалната и во овие речиси три месеци учениците и наставниците се приспособуваа за е-учење. За образованието јуни е месец на испити и уписи. Државна матура за оваа генерација ќе нема, но претстои јунската испитна сесија за студентите и уписи за идните средношколци за кои роковите нема да се менуваат.

– Бугарскиот Централен оперативен штаб предложи укинување на 14-дневниот карантин за бугарските и странските државјани од земјите-членки на ЕУ, како и за граѓаните од Северна Македонја и од Србија при влезот во Бугарија, јави БГНЕС.

– Дури 58 проценти од анкетираните граѓани од Европската унија велат дека имале финансиски потешкотии за време на епидемијата со Ковид-19.

– Индија по бројот на смртни случаи од последици од новиот коронавирус ја надмина Кина

Back to top button
Close
Close