МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 септември 2020

18 септември 2020

– Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска соопшти дека е разговарано со повеќе производствени капацитети и компании во земјата да се воведе еден вид на давачка којашто тие ќе треба да ја преземат како одговорност поради отпадот кој го создаваат во процесот на производство.

– Виз Ер Скопскиот маратон 2020 ќе се одржи на 4 октомври под специјални протоколи одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

– Тврдењата и изјавите што содржат навреди не водат кон вистинско пријателство. Пријателството е двонасочна улица и најмногу зависи од нас самите, од нашето почитување на европските вредности и принципи. Договорот за добрососедство е одраз на взаемно почитување и пријателство и подразбира и бара одговорност и учество од двете страни.

– Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со постојаната претставничка на Развојната програма на Обединетите Нации (УНДП) во нашата земја, Нарине Сахакјан, со која разговараа за тековните проекти кои се спроведуваат со меѓусебна соработка, како и за намерите на Владата за унапредување на соработката, особено во проекти за побрз и одржлив развој на економијата.

– Помош ќе има за сите, државата е подготвена да направи се во рамки на своите финансиски капацитети да им помогне на работниците, на невработените, на сиромашните, на македонската економија и стопанство, најави денеска премиерот Зоран Заев и информира дека одлуките ќе бидат дооформени до крајот на другата недела.

– Чамец со 50 до 55 мигранти рано утрово, преку европскиот број за итни случаи побарал помош додека пловел западно од Пелопонез, објавија грчките медиуми.

– Францускиот град Ница ќе воведе забрана за собирање на повеќе од 10 лица на јавни места, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, соопштија денеска властите на тој град.

– Според министерот за внатрешни работи на Франција Жералд Дарманан, од мај досега „имало казнето 44.429 лица“ за непочитување на обврската за носење маска, дело што се казнува со парична казна од 135 евра, јави дописникот на МИА.

– Европските влади треба да го заменат карантинот со кооридинирани ограничувања и тестирања на Ковид-19, соопши денеска Европската асоцијација на агенти за патувања и тур-оператори (ЕЦТАА), барајќи интервенција од Европската комисија.

– Австралиската Влада соопшти денеска дека ќе обезбеди пет милиони австралиски долари (3,7 милиони американски долари) за новинската агенција Australian Associated Press (ААП), која се најде во финансиски тешкотии поради пандемијата на коронавирусот.

– Поранешниот австриски возач на Формула 1, Александар Вурц е убеден дека Макс Верстапен може да ги сруши рекордите на шесткратниот светски шампион Луис Хамилтон и седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер.

Back to top button
Close
Close