МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 септември 2020

18 септември 2020

– Министерот за здравство Венко Филипче вчера истакна дека ако епидемиолошката слика е добра и стабилна, на почетокот на ноември ќе се даде дозвола уште некоја група од децата да оди со физичко присуство во училиштата.

– Здружението „Напредни лозари” бара итно донесување на закон за лозарство и грозје, со цел лозарите да се заштитат од, како што велат, грабежот што врз нив го вршат одредени преработувачки капацитети.

– Претседателот Стево Пендаровски упати порака до учесниците и организаторите на трката во планинско трчање Охрид Ултра-Треил, што ќе се одржи од 18 до 20 септември во Националниот парк „Галичица“ и охридско-преспанскиот регион.

 Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилени акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје се изречени вкупно 513 санкции.

– Лозарството и винарството во земјава се едни од најпогодените гранки со кризата, но и со лошите временски услови. Винарниците се полни заради намалената продажба, додека состојбите со бербата 2020 не се ништо подобри. Лозовите насади во Тиквешкиот регион се во лоша здравствена состојба, а кај голем дел од нив, на повеќе локации, констатирано е присуство на болеста ботритис, што негативно влијае на квалитетот на грозјето.

 Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите на мажите и жените, кои во овој момент за иста вредност во работата се за 23 проценти пониски. Ова беше истакнато денес од Сојузот на стопански комори, Здружението на бизнис жени и Сојузот на синдикати на Македонија, по повод одбележувањето на првиот Меѓународен ден за родова еднаквост на платите – 18 септември.

 За неносење лична заштита на лице регистрирани се 533 прекршоци во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

– На најавената меѓувладина седница меѓу двете земји, го ставаат акцентот, онлајн изданијата на грчките медиуми во текстот преземен од грчката новинска агенција АНА-МПА, за интервјуто на премиерот Зоран Заев за МИА по средбите во Грција за време на дводневната работна посета, јави дописничката на МИА од Атина.

– Отворен е оглас за доделување стипендии за деца со попречесност кои во учебната 2020/2021 година ќе се запишат во прво одделение или ќе го продолжат своето образование во второ одделение, во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“.

– И покрај проблемите со Ковид-19 и лоши временски услови, од „Бор“ Кавадарци најавуваат навремена испорака на огревните дрва. Оваа нивна изјава за МИА доаѓа по реакциите на одделни тиквешани, дека подружницата на ,,Национални шуми“, од Кавадарци, се уште им го нема испорачано огревното дрво за грејната сезона што претстои, иако дрвата за огрев им биле платени уште пред четири-пет месеци.

– Општина Карпош започна со чистење на депонијата во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, што изминатава недела гореше во два наврати.

 Зголемениот број заразени од Ковид-19 ги наполни сместувачките капацитети во струмичката болница, информира директорот д-р Наќе Гогов.

-Новите неделни случаи на новиот коронавирус во Европа го надминаа бројот на заразени од пикот во март, соопшти Светската здравствена организација.

– Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека се влошува епидемиолошката ситуација во земјата и оти бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 двојно се зголемува на секои осум дена.

– Амбасадата на САД во Авганистан предупреди дека екстремистичките групи планираат напади врз различни цели, но посебно врз жени.

– Зголемената побарувачка за средства за дезинфекција во борбата против коронавирусот може да ја зголеми употребата на присилен и детски труд на плантажите со шеќерна трска, предупредуваат британски истражувачи.

– „Антифа“ е идеологија, а не организација, изјави директорот на Федералното биро за истраги на САД (ФБИ), Крис Реј, во сведочењето пред комитетот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, изнесувајќи став спротивен на американскиот претседател Доналд Трамп кој најави дека „Антифа“ ќе биде официјално окарактеризирана како терористичка група.

– Израел од денеска воведува тринеделен карантин поради тоа што бројот на заразени со новиот коронавирус не се намалува со месеци.

– Англиските медиуми беа доста критични по тешкиот пресврт преку кој Тотенхем го елиминираше освојувачот на Купот и Суперкупот на Бугарија – Локомотив во Пловдив во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

– Шампионката на УС Опен, Наоми Осака нема да учествува на претстојниот Ролан Гарос поради повреда на адукторот, соопшти таа. Минатата недела на 22-годишната Јапонка и беше врзан бутот во финалето со Викторија Азаренка во Њујорк на пат кон втората титула на „Флешинг Медоуз“ и вкупно трета во нејзината Гренд слем кариера.

– Колумбискиот играч за врска Хамес Родригез преминал бесплатно од Реал Мадрид во Евертон.

Back to top button
Close
Close