МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 септември 2020

18 септември 2020

– По повод одбележувањето 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, денеска на Берзата ќе се одржи Инвеститорски ден, во рамки на кој сите домашни физички лица ќе тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници.

– Втор случај на Ковид-19 на дете во градинка вчера беше регистриран во нашата држава. Се работи за дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“. Детето не било носено во градинката од понеделникот, а вирусот го добило од член на семејството.

– Реакции на македонската политичка сцена предизвика објаснувачкиот меморандумот што Бугарија го испрати до земјите-членки на ЕУ, во кој се доведуваат во прашање македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик. Нацијата се означува како творба на Тито и се бара од земјата да „раскине со идеолошкото наследство од комунистичка Југославија“, кое според Софија е причина за „етничкиот инженеринг“ во Северна Македонија. Јазикот не се признава.

 Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието. На предлог на одбраната, треба да бидат сослушани осум пратеници од поранешниот состав, меѓу кои и Талат Џафери.

– Борба против сиромаштијата која ги намалува шансите за пристоен живот и на следните неколку генерации, која ги „осудува“ децата и младите на несоодветно образование и здравствена заштита и ги остава на цедило возрасните во годините кога помош најмногу им е потребна, ќе бидат приоритети на Владата во овој нов мандат.

 Според најновите податоци на Агенцијата за електронски медиуми, во првите три месеци од годинава преку мобилен се реализирани 1.338.211.097 минути разговор,  или во просек секој од претплатниците зборувал по 702 минути, или 11,7 часа. Кон мрежи во странски држави се реализирани 3.475.486 минути разговор.

 – Со музичко-актерскиот перформанс „Патеки“ кој ќе се одигра во амфитеатарот на Хераклеа Линкестис, вечер во Битола почнува 12. издание на фестивалот „Музика од светот“.

– Земјите од регионот следната недела се очекува конечно да одлучат за слободен премин и отворање на границите, најави министерот за здравство Венко Филипче.

– Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка соопшти дека одржале состаноци со сите пратенички групи во Собранието со цел барање на поддршка во изнаоѓање на итно, изводливо и ефикасно решение за оштетените штедачи од Еуростандард Банка – физички и правни лица.

– Голем пожар синоќа изби во индустрискката зона во Мостар, при што огнот зафати простор од неколку километри

– Во западна Грција е прогласена вонредна состојба поради приближувањето на моќниот медитерански циклон Јанос.

– Во хрватскиот Парламент денеска ќе се гласа за одлуката на Комисијата за мандати и имунитет за укинување на имунитетот на пратениците Дражен Баричиќ (ХДЗ), Винко Гргиќ (СДП) и Дарко Пуљашиќ (ХДЗ) со цел да се спроведе кривична постапка под сомнение за извршено кривично дело.

– Границите на Полска и Литванија со Белорусија функционираат нормално, изјавија официјални лица на тие држави откако претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека земјата е принудена да ги затвори границите со Полска и Литванија, како и да ги зајакне граничните контроли со Украина.

– Германија обезбеди 22 милиона евра за подобрување на безбедноста на синагогите и другите еврејски објекти во државата по антисемитски напад минатата година.

– Москва вчера беше погодена од ураган пропратен со град, грмотевици и силен ветер, поради што во следните два дена прогласено е жолто ниво на опасност.

 – Координаторот на американскиот Стејт департмент за борба против тероризмот, Нејтан Сејлс, го обвини Хезболах дека складира хемикалии, што може да се користат за производство на експлозиви, во неколку европски земји. Тој ги повика земјите во Европа и светот да воведат забрани за таа организација.

 – Кина почна денеска борбени воени вежби во близина на Тајванскиот теснец, во истиот ден кога висок американски официјален претставник почна средби на високо ниво во Тајпеј.

– Привремената конзервативна претседателка на Боливија, Жанин Анез ја повлече својата кандидатура за изборите на 18 октомври, откако стана јасно дека според анкетите таа заостанува зад Социјалистичката партија на поранешниот претседател Ево Моралес.

– Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш предупреди дека пандемијата со Ковид-19 ги зголеми ризиците по мирот во светот.

–  Американскиот претседател Доналд Трамп вети дополнителна помош од десетици милијарди долари за помош на фармерите чии бизниси се погодени од пандемијата.

– Американскиот професор Ноам Чомски предупреди дека поради климатската криза, заканата од нуклеарна војна и зголемениот авторитаризам светот се наоѓа во најопасниот момент во историјата на човештвото.

– Седум лица починаа, а најмалку 177 се заразени откако присуствувале на свадба – ова е тажната статистика забележана во американската држава Мејн, јавија американски медиуми.

– Американскиот претседател Доналд Трамп планира да издаде извршна наредба што ќе му овозможи да воведе санкции на САД против секој што ќе го прекрши ембаргото за продажба на конвенционално оружје на Иран. Тоа го најавија за американски медиуми четири извори запознати со тоа прашање.

– Директорот на Светска програма за храна Дејвид Бизли ги повика најбогатите луѓе во светот да донираат пари за да спасат околу 30 милиони луѓе, кои би можеле да умрат од глад доколку не добијат помош.

– Натпреварите од второто квалификациско коло во Лигата на Европа се одиграа во четвртокот.

– Кошаркарскиот тим на Мајами ја продолжува серијата победи во плејофот во НБА и по 106:101 поведе со 2:0 против Бостон во финалето на Истокот, ставајќи ги Селтикси во многу тешка позиција.

– Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо ја коментираше тешката победа на тимот од 2:1 над Локомотив Пловдив во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

– Времето ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови. Во јужните подрачја ќе има услови за повремен локален дожд. Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 26 до 31 степен.

 

Back to top button
Close
Close