МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 септември 2020

17 септември 2020

– Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска имаше средба со австрискиот амбасадор Георг Вуцас на која биле високо пофалени политичките односи меѓу Северна Македонија и Австрија, а исто така и економската соработка.

– Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Албанија, Бујар Османи и Гант Цакај по денешната средба во Скопје го коментираа случајот со говор на омраза на неодамнешниот фудбалски натпревар Вардар – Шкупи.

– Владата ги помага и ќе им помага на компаниите за вработување на сите невработени лица, преку еднаков пристап кон сите граѓани и компании, кои имаат потреба од таква поддршка.

– Општина Штип заедно со организацискиот одбор ги финализира подготовките за „Макфест 2020”. Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов денеска беше на Градскиот плоштад „Слобода“, каде што во тек е поставувањето на бината, по што ќе следи и поставувањето на столчињата за публиката.

– Внимателно координирана полициска акција во 10 земји растури албанска организирана криминална мрежа која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Европа и доведе до апсење на 20 осомничени, соопшти денеска полициската агенција на ЕУ.

– Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска истакна дека Австрија е на почетокот на вториот бран на епидемијата на коронавирусот, поради што Владата донела одлука за воведување дополнителни мерки, кои од понеделник ќе важат низ цела Австрија.

– Околу 70 мигранти денеска скокнале во морето од шпанскиот спасувачки брод „Раширени раце“, во обид да допливаат до блиското италијанско пристаниште Палермо.

– Здравствените работници, кои се во првите редови во борбата против пандемијата Ковид-19, плаќаат висока цена за своето здравје, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) денеска, презентирајќи план што треба да помогне во нивна подобра заштита.

Back to top button
Close
Close