МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 септември 2020

17 септември 2020

– Во Штип е регистриран втор случај на повторување на коронавирсуот кај маж вработен во една конфекција во градот. Марија Димитрова директор на Центарот за јавно здравје-Штип вели дека работникот првиот пат би позитивен пред неколку месеци, а бил откриен при масовното тестирање во текстилните конфекции. Првиот пат тој бил асимптоматски, додека деновиве појавил поблаги симптоми на вирусот, по што бил тестиран и били позитивен на коронавирусот.

– Само ранливите категории потрошувачи да добијат поддршка за заштита од енергетска сиромаштија за да се намали ударот од последното зголемување на цената на електричната енергија. Оние што немаат проблем со плаќање на сметките не треба да добијат поволности, а да се најдат категориите ранливи во кои би биле вклучени социјалните случаи и граѓани погодени од ковид-кризата. Ова го порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, денеска во одговор на новинарско прашање.

– Претседателот на Владата Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорка на Кралството Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон, на која му предала писмо од шведскиот премиер Стефан Лофен со честитки за неговото повторно именување на премиерската позиција и во кое е реафирмирана поддршката од шведската Влада на европските интеграции на Република Северна Македонија, како и определеноста за унапредување на билатералната соработка помеѓу двете држави.

– Околу 2.500 граѓани поднеле барања за субевции за инвертери во Скопје. На неколку пунктови тие веќе почнале да ги оставаат своите стари грејни тела, што е услов за исплата на субвенцијата, која треба да почне наредната недела. – До крајот на минатата недела имаше околу 2.500 апликации за инвертери. Граѓаните веќе започнаа со предавање на старите печки со што се овозможува и формално да започне исплатата за купените инвертери, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

– ЈСП ќе продолжи да вози по саботен возен ред затоа што има многу мал број патници кои го користат јавниот градски превоз. Зголемена фрекфенција на патници, вели градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, има само во перодите кога се оди на работа и тоа само на одредени линии. Тоа, појснува тој, се решава со зголемување на бројот на автобуси во тој период на денот.

– Внимателно координирана полициска акција во 10 земји растури албанска организирана криминална мрежа која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Европа и доведе до апсење на 20 осомничени, соопшти денеска полициската агенција на ЕУ.

– Во германската провинција Северна Рајна – Вестфалија 29 полицајци се привремено отстранети од работа поради ултрадесничарска пропаганда.

– Здравствените работници, кои се во првите редови во борбата против пандемијата Ковид-19, плаќаат висока цена за своето здравје, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) денеска, презентирајќи план што треба да помогне во нивна подобра заштита.

 

Back to top button
Close
Close