МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 септември 2020

17 септември 2020

– Делегацијата на германското стопанство во земјава во текот на октомври организира два настана преку кои ќе ги поврзува македонските компании со компании од странство

– На летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше промовирана книгата „Односите со јавноста, социјалните мрежи и јавното мислење“ од Каролина Мицевска, долгогодишен новинар, а сега повеќе години вработена во Центарот за култура за односи со јавноста.

 – Во населеното место Ангелци, Општина Василево, почна изградбата на нова детска градинка наменета за згрижување на деца од населените места Ангелци, Градашорци, Седларци и Едрениково.

 На територијата на град Скопје изречени се вкупно 379 санкции, меѓу кои 101 за пречекорување на дозволената брзина на движење, во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– Поради дефект на затворач ф-250мм на улицата „Џон Кенеди“ број 35 прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците од истата улица, а корисниците од улиците „Дижонска“ и „Топанска“ намален притисок на водата.

– Новата македонска мобилна апликација Challenger, што беше лансирана вчера, има за цел да ги наградува корисниците кои пешачат трчаат и планинарат, а исто така ја подига свеста за аерозагадувањето и за неговото намалување.

 – Во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ наредниов викенд продолжуваат обуките за членовите на советот на општина Крушево. Обуките ги продолжуваат девет советници во крушевскиот совет и ќе бидат на тема: „Финансиска контрола и ревизија“.

– ЕВН Македонија почна со градежни работи во Тетово поради поставување на нов 35 киловолтен кабелски вод од трафостаницата кај хидроцентралата на река Пена се до трафостаницата 35/10кВ Тетово на булеварот Видое Смилевски Бато. Кабелскиот вод поминува низ пешачката зона на Бањиче, се движи кон централното градско подрачје, а вкупната должина е од 3,5 километри.

– Индексот на човечи капитал на Светска банка во земјава во периодот 2010 – 2020 година се зголемил од 0,54 на 0,56, но сепак е понизок споредено со просекот во регионот на Еропа и Централна Азија и земјите со висок среден приход.

– Барањата и ставовите на Софија длабоко ги еродираат заложбите за добрососедство, а едностраните и исклучиви оценки може да ја направат беспредметна и работата на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, се реакциите во земјава по објавувањето на содржината на меморандумот Бугарија го испратила до земјите членки на ЕУ.

– Во Охрид и на падините на планината Галичица викендов ќе се одржи најдолгата маратонска планинска трка во рамки на второто издание на „Охрид Ултра Трејл“ манифестацијата. Покрај трките „Летница“ на 18 и „Галичица Ултра“ на 66 километри, најподготвените тркачи ќе ја тестираат својата физичка и ментална подготвеност на „Охрид Ултра Трејл“ трката во должина од 107 километри.

– Во Куманово на неколку локации се поставени корпи за одлагање на користени, еднократни маски и ракавици, информираа денеска од Секторот за животна средина од Општината. Граѓаните можат да ги користат овие корпи и да го одлагаат ваквиот отпад и да придонесат за заштита на животната средина.

–  Во текот на изминатата недела  отстранети се вкупно 215 возила од јавните површини во Скопје.

– Во пресрет на новата учебна година започна целосното санирање на покривот на подрачното основното училиште во кичевското село Колари, кое е дел од општинското основно училиште „Реџ Рушит Зајази“ од село Зајас. Покрај покривот, и училишната фасада ќе се обнови целосно со соодветна топлинска изолација според современите стандарди.

 Под мотото „Безбедни здравствени работници, безбедни пациенти“, годинава се одбележува 17 септември – Светски ден посветен на безбедноста на пациентите. Светската здравствена организација оваа година акцентот го става и на безбедноста на здравствените работници, кои се во првите борбени редови во справувањето со вирусот КОВИД-19, како еден од најголемите здравствени предизвици со кои се соочува светот.

– Собранието на Косово денеска ќе одржи пленарна седница со преостанатите точки од минатите седници, како и една нова сесија, на чиј дневен ред е извештајот на премиерот Авдулах Хоти за дијалогот со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

– На егејскиот остров Лезбос грчката полиција спроведува операција за префрлање на повеќе од илјади мигранти и бегалци во нов камп на островот откако се во пожар изгоре прифатниот камп Морија.

– Синоќа почнаа преговорите меѓу претставниците на трите коалиции за формирање на нова влада во Црна Гора, траеја четири часа, но не е отворен разговор за целиот пакет, пишува подгоричкиот весник „Вијести“.

– Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални на Инстаграм објави дека бил отруен со шише вода во хотелската соба во сибирскиот град Томск.

– Британскиот министер за здравство, Едвард Аргар, предупреди денеска за тешкотиите при спроведување на тестови за Ковид-19 во Велика Британија и повика на почитување на мерките со цел да се избегне ново затворање на државата.

– Кандидатот за претседател на САД на демократите Џо Бајден ја предупреди Велика Британија дека мора да го почитува мировниот договор во Северна Ирска при излезот од Европската унија или во спротивно нема да има договор за трговија со САД.

 Во една од пониските дивизии во Германија, натпревар заврши со резултат 37:0, објави „Goal.com“.

 Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, може да го пропушти првиот официјален натпревар на тимот во сезоната 2020/21.

 – Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од две позиции на ФИФА ранг листата за месец септември.

 

 

Back to top button
Close
Close