МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

11 септември 2020

11 септември 2020

– Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска на работен состанок со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, беше брифиран за актуелната состојба во одбраната и во Армијата, по полноправното членство на државата во НАТО.

– Мерките и политиките што се преземаат за поддршка на одржлив и инклузивен раст, се клучни во услови кога се соочуваме со најголемата економска криза досега предизвикана од Ковид 19. Во овој дел од голема важност е четиригодишната стратегија за партнерство што Република Северна Македонија ја има со Светска банка, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на првата официјална средба со директорот на Светска банка за земјава, Масимилијано Паолучи којашто се одржа онлајн.

– Грчката Влада обезбеди 200.000 брзи тестови за антигени за коронавирусот (Covid-19 Ag Rapid Test), од кои првиот дел ќе се искористат на грчкиот остров Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина.

– Москва и Пекинг сметаат дека деструктивните активности на Вашингтон доведуваат до зголемување на тензиите во различни делови на светот, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува руската државна агенција ТАСС.

– Италијанската финансиска полиција открила 11 јахти чии сопственици не плаќале данок и на тој начин ја оштетиле државата за речиси  1,5 милиона евра, пишува весникот „Ил фато Котидиано“.

– Тврдењата на компанијата Мајкрософт дека Русија наводно вмешала прсти и во воие претседателски избори во САД не заслужуваат внимание се додека оттаму не понудат докази за ваквите тврдења, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Back to top button
Close
Close