МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

11 септември 2020

11 септември 2020

– Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска имаше средба со претседателот на Здружението на судии, Џемаил Саити, кој воедно е и судија во Врховниот суд.

Како што соопшти Министерството за правда на средбата со претседателот на Здружението на судии, министерот Маричиќ дискутирал за заштитата на судската независност, зголемувањето на одговорноста, ефикасноста и транспарентноста на судиите и судовите.

– Го разбирам незадоволството од донесената одлука и сметам дека се легитимни граѓанските протести против поскапувањето на електричната енергија, но опозициската ВМРО-ДПМНЕ со за денеска најавениот партиски протест врши притисок врз регулаторното тело, порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

– Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го промовираше Јавниот повик за доделување финансиски средства преку иновациски ваучери.

– Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер, во 6 часот утрово беше регистриран во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

– Британската економија порасна за 6,6 проценти во јули во споредба со претходниот месец, покажуваат денеска објавените официјални податоци.

– Пред американските ноемвриски претседателски избори технолошките гиганти Гугл и Твитер најавија дека ќе направат дополнителни напори да спречат ширење дезинформации.

Би-Би-Си наведува дека тоа особено ќе се однесува на објавувањето на изборната победа пред да се добие официјална потврда на резултатите од изборите.

Back to top button
Close
Close