МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

11 септември 2020

11 септември 2020

– Градот Скопје апелира до граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред се поради големата реконструкција на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба, што е во тек.

– Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населбата Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населбата Визбегово кон Момин Поток и населбата Волково кон општина Ѓорче Петров, нагласуваат од Градот Скопје.

– Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер, во 6 часот утрово беше регистриран во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во Италија досега речиси 50 проценти од вработените во училиштата биле тестирани за вирусот Ковид-19, што е околу 500.000 наставници и ненаставен училишен персонал, а 2,6 проценти од тестираните, односно околу 13.000 лица се позитивни.

– Светската здравствена организација не знае кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот, но претпоставува дека болеста ќе биде ставена под контрола во рок од две години, соопшти прес-службата на таа организација.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close