МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

9 септември 2020

9 септември 2020

– Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Дебар-4, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-9, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-3, Крива Паланка -1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-1. Починаа тројца пациенти од кои еден од Струмица (44 г.), еден од Гостивар (58 г.) веднаш по прием и еден од Охрид (79 г.). Сите се починати во болница.

– Во пожарот што утринава избувна во Инспекторатот за животна средина направена е штета во просторијата каде се чува архивата, но оттаму потврдуваат дека за сите документи имаат и електронска евиденција.

– Односите меѓу Србија и Косово беа разгледани во Вашингтон во четвртокот и петокот, но клучните точки во документот за „економска нормализација“ за американската администрација се тоа што тој ги регулира односите меѓу двете страни со Израел и дека ги „оддалечува од Русија и Кина“. Во таа смисла, „економската нормализација“ меѓу Белград и Приштина „е голема дипломатска победа за Доналд Трамп“, изјави за американските медиуми специјалниот пратеник на Трамп за мировни преговори меѓу Србија и Косово и домаќинот и иницијатор на состанокот во Вашингтон, Ричард Гренел.

– Од белгискиот институт за јавно здравје изјавија дека инцидентот со вакцината на АстраЗенека, стопирана поради тешки нус ефекти кај еден од волонтерите е „нормална појава“ и „доказ дека се работи коректно“, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Најмалку 10 лица загинаа, а 31 се повредени во денешната експлозија на бомба покрај пат, чија цел бил авганистанскиот прв потпретседател Амрулах Салех, кој помина само со полесни изгореници, соопшти Министерство за внатрешни работи на Авганистан.

– Барселона сака да го купи дефанзивецот на Манчестер сити, Ерик Гарсија. Каталонскиот клуб понуди 10 милиони евра за 19-годишниот Шпанец, но беше одбиен, пишува „Ел Мундо Депортиво“.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close