МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

9 септември 2020

9 септември 2020

– Соработката и континуираната комуникација помеѓу Министерството за финансии и Народната банка се од исклучително значење за перманентно и соодветно следење на состојбите и движењата во економијата, како и за одржување на финансиската и севкупната макроекономска стабилност. Тие се, и мора да останат заеднички приоритет на двете институции.

Ова, како што соопшти Министерство за финансии, се дел од заедничките заклучоци од денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

– Соработката помеѓу Владата и агенциите на ООН е на високо ниво и во голема мера придонесува за остварувањето на глобалните цели за одржлив развој, на кои се обврзаа земјите со потпишување и ратификација на Парискиот климатски договор од 2016 година, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната средба во Скопје со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Росана Дуџак.

– Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, побарала од потпретседателот на институцијата задолжен за миграција, Маргаритис Схинас, веднаш да отпатува во Грција поради пожарот во бегалскиот камп Мориа, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Најмалку 10 лица загинаа, а 31 се повредени во денешната експлозија на бомба покрај пат, чија цел бил авганистанскиот прв потпретседател Амрулах Салех, кој помина само со полесни изгореници, соопшти Министерство за внатрешни работи на Авганистан.

Back to top button
Close
Close