МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

9 септември 2020

9 септември 2020

– По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, писмо со честитка до претседателот Пендаровски испрати неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер, во која посочува дека оваа година земјава заслужено се радувала на приемот во НАТО и на одлуката за започнување пристапни преговори со ЕУ.

– Утрово почнаа со работа установите за згрижување и воспитување на децата согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија со КОВИД – 19. Сите установи во земјава согласно протоколите имаат капацитет да примат 19 илјади деца, а досега интерес за згрижување покажале родители на 14.555 деца.

– Албанија е прва на листата „увезени случаи“ на Ковид-19 во Грција, според последните официјални податоци од Генералниот секретаријат за цивилна заштита, а меѓу петте земји се и Бугарија, Романија, Србија и Франција, јави дописничката на МИА од Атина.

– Британскиот министер за здравство Мет Ханкок денеска изјави дека одлуката на АстраЗанека привремено да го прекине тестирањето на вакцината против Ковид-19 е предизвик, но оти не значи дека мора да ги уназади напорите за развој на вакцината.

– Поради зголемувањето на бројот на случаи на коронавирусот, властите на Британска Колумбија во Канада наредија затворање на сите ноќни клубови, додека во Онтарио се одложи олеснувањето на преостанатите рестриктивни мерки воведени за да се спречи ширењето на Ковид-19.

– Вториот рекет на светот, Рафаел Надал, најави дека ќе настапи на Мастерсот во Рим. Ова ќе биде прв турнир за него во последните седум месеци.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close