МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

9 септември 2020

9 септември 2020

– Пожар избувна изутрина во зграда на кеј „Димитар Влахов“ во центарот на Скопје, поранешен објект на Комерцијална банка, во делот каде сега се сместени државни институции.

– Во пожар што изби во текот на ноќта во Мориа, најголемиот бегалски камп во Грција, на островот Лезбос, според првичните информации, изгоре голем дел од центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти и околните шатори во кој се сместени 12.580 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

– Посетата на француските министри на Москва е одложена, додека европските сили бараат одговори од Русија во врска со откритието на германските лекари дека Алексеј Навални е отруен.

– Според податоците на интернет-страницата Worldometers, бројот на луѓе кои досега починале од последици од Ковид-19 во светот надмина 900.000.

 

Back to top button
Close
Close