МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

7 септември 2020

7 септември 2020

– Премиерот Зоран Заев верува дека до крајот на неделава ќе биде постигнат договор за замениците-министри во Владата, како и за претседатели и заменици на собраниските комисии. Проблеми вели, нема, туку само се води квалитетна дебата да се најде заеднички јазик на местата да се постават најквалитетните кадри кои се на располагање.

– Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека согласно со Законот за празниците, 8 септември 2020 година (среда), Денот на независноста, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

– Резервите на злато на Албанија на крајот од јули достигнале рекордна вредност од 147 милиони евра.

– Белоруското Министерство за одбрана денеска стави во подготвеност три воени бази и резервисти.

– Претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, води со 10 процетни поени пред шефот на државата Доналд Трамп во однос на популарноста меѓу избирачите, се дознава од најновата анкета спроведена од истражувачката служба „Ју гов“, а нарачкана од телевизијата Си-Би-Ес.

 

Back to top button
Close
Close