МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

7 септември 2020

7 септември 2020

– Претседателот на Република Франција, Емануел Макрон по повод 8. Септември, Денот на независноста, упати честитка до претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

– Во Тетово денеска на 76 години почина Бошко Блажески, еден од најпознатите фудбалери на Тетекс.

– Првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Скопје, Анке Холштајн.

– Третата рунда преговори на највисоко ниво помеѓу Белград и Приштина почна утрово околу десет часот под покровителство на високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Јосеп Борел, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го оцени како апсурден предлогот на САД за составување на т.н. „список Навални“ врз чија основа би се вовеле санкции против Русија и истакна дека поврзувањето на случајот со труењето на Алексеј Навални со рускиот државен врв е „неприфатливо“.

– Претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, води со 10 процетни поени пред шефот на државата Доналд Трамп во однос на популарноста меѓу избирачите, се дознава од најновата анкета спроведена од истражувачката служба „Ју гов“, а нарачкана од телевизијата Си-Би-Ес.

 

Back to top button
Close
Close