МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 септември 2020

4 септември 2020

– Потребно е интензивирање на политичкиот дијалог на повеќе нивоа меѓу С.Макеоднија и Бугарија во претстојниот период, се согласиле во денешниот телефонски разговор министрите за надворешни работи на двете земји Бујар Османи и Екатерина Захариева.

– Во последните 24 часа се направени 1.486 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-40, Куманово-10, Штип-3, Прилеп-12, Тетово-6, Струга-4, Битола-6, Охрид-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-2, Крива Паланка-2, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1. Починати се тројца пациенти од кои еден од Кичево (64 г.), еден од Скопје (61 г.) и еден од Македонски Брод (70 г.). Сите се починати во болнички услови.

– Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, денеска во неговиот кабинет се сретна со амбасадорот на ЕУ во нашата земја, Самуел Жбогар, при што му се заблагодари за неговиот придонес на патот на Република Северна Македонија кон европската интеграција.

– Фондот за осигурување на депозити информира дека обештетувањето на депозитите до 30.000 евра за физичките лица во „Еуростандард банка“ ќе се исплаќа еднократно, а ќе биде достапно од денот кога ќе почне исплатата.

– Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека Словенија нема комплекс на помала вредност и дека затоа неговата Влада, и покрај критиките од опозицијата, нема однапред да ги отфрли посилните врски со земјите од Централна и Источна Европа.

– Правото на карикатура и потсмев, дури и на религија, претставува суштински дел од францускиот идентитет, рече претседателот на Франција, Емануел Макрон на церемонијата за натурализација, два дена по почетокот на судењето на обвинетите за вмешаност во нападот на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“.

– Папата Франциск денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот ги урна и онака разнишаните столбови на светскиот економски модел изграден врз идолопоклонството кон парите и доминацијата на богатите.

Back to top button
Close
Close