МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 септември 2020

4 септември 2020

– Подготовките на Академијата за судии и јавни обвинители и започнувањето на обуката на VII генерација слушатели на Академијата, која оваа година ќе се одвива во услови на Ковид-19, била тема на разговор на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ и директорката на Академијата, Наташа Габер-Дамјановска.

– Подобрувањето на економската соработка со земјите од регионот е во фокусот на новата Влада, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната средба во Скопје со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, на која стана збор за досегашната економска соработка помеѓу двете земји, како и за идната соработка, за која се согласија дека има голем потенцијал да расте.

– До 10 септември општините, како основачи на училиштата, треба да одговорат до Министерството за образование и наука за моделот на настава во нивните училишта и да аплицираат за физичко присуство, а МОН и владината комисија ќе им даваат одобренија ако се исполнети условите.

– Откако беше потврден првиот случај на Ковид-19 во најголемиот бегалски камп во Грција, на островот Лезбос, Националната организација за јавно здравје од вчера започна тестирање на мигрантите и бегалците за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

– Над 100 европарламентарци бараат санкции против одговорните за нападите врз опозициските претставници и новинарите во Русија, имајќи го предвид и последниот со труењето на политичарот Алексеј Навални, јави ДПА.

– Тимот на Белата куќа задолжен за одговор на пандемијата во САД излезе со прогноза дека во земјата до јануари 2021 година од коронавирус може да умрат повеќе од 410.000 Американци, јави Си-Ен-Ен.

Back to top button
Close
Close