МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 септември 2020

4 септември 2020

– Новата Влада планира во следните четири години да продолжи со инвестициите во здравствениот систем, како во инфраструктура, така и во човечки ресурси, опрема и понапредни методи и терапии.

До крајот на годинава, како што меѓу другото се наведува во владината програма за периодот 2020-2024 година во делот кој се однесува на здравството, ќе биде дефинирана десетгодишната Стратегија за издвојување и инвестиции во здравството и ќе биде побарана собраниска широка поддршка за неа, бидејќи на здравствениот систем му треба стабилно и повисоко вложување.

– Изминуваат единаесет години од бродската несреќа што се случи на Охридското Езеро кога при потонувањето на „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.

– Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека денеска се очекува да се финализираат преговорите меѓу Белград и Приштина во Белата куќа и дека на потпишувањето на „економскиот документ“ ќе присуствува и самиот врв на американска администрација, што ќе биде гарант за потпишаното.

– Шефот на фрацуската држава Емануел Макрон денеска организира церемонија во Пантеон за одбележување на 150-годишнината од прогласувањето на Третата Република, на 4 септември 1870 година, јави дописникот на МИА.

– Американскиот претседател Доналд Трамп обраќајќи им се на своите приврзаници вчера, на митинг го Пенсилванија, го исмеја својот противник на изборите во ноември, Џо Бајден, затоа што носи заштитна маска за лицето.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close