МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

3 септември 2020

3 септември 2020

– Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи денеска имаше работна средба со Резидентниот координатор на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџиак, соопшти Министерството за надворешни работи.

– Довербата што постојано ја добиваме од нашите корисници ни говори дека во А1 гледаат доверлив партнер за сите услуги кои им се ставени на располагање и нивното секојдневие го прават уште поквалитетно и поедноставно.Таа доверба, за нас како компанија останува постојана инспирација за континуирана работа и посветеност во овозможување и усовршување на врвно корисничко искуство, вели во интервју за МИА Методија Мирчев, извршен директор на телекомуникациската компанија А1 Македонија, точно една година по стартот со работа под новиот бренд.

– Група од 118 лица, семејства со деца со сериозни здравствени проблеми, кои досега биле во прифатните центри на грчките острови, утрово од Грција заминаа за Германија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Портпаролот за надворешни работи на ЕУ, Петер Стано повтори денеска дека Унијата очекува јасни одговори за обидот за убиство врз рускиот опозиционер Алексеј Навални, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Соединетите Американски Држави не сакаат да платат околу 80 милиони долари долг кон Светската здравствена организација (СЗО), туку ќе ги пренасочат тие пари за да ја платат својата сметка во Обединетите нации во Њујорк.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close